Како да бидете поефективни во обработка на дрво

24 декември, 2020 | Корисни совети

blank

Без разлика дали сте почетници или пак долго време се занимавате со обработка на дрво, свесно или не свесно знаеме да правиме некои грешки. При секое работење со дрво, обидете се да се придржувате до советите кои во прилог ќе Ви ги наведеме и објасниме.

 

1.Шмирглање

 

blank

Рачното шмирглање може да биде напорно, но со шмиргла од висок квалитет ќе добиете одлични резултати кои можат да ја надминат дури и електричната шмиргла. Освен тоа, рачната шмиргла е потивка и може да допре до површини каде со електричната нема да можете.

Доколку Ви треба брзина, тогаш користете блок за шмирглање. Така притисокот на шмирглањето се пренесува порамномерно и ја одржува рамната површина.

Често менувајте ја шмирглата.

 

2. Избегнувајте да користите завртки наменети за гипс при работа со дрво

 

blank

Кога заштрафувате две парчиња дрво, за подобар резултат користете ги класичните завртки за дрво. Заштрафувањето со завртки за гипс можат да доведат до оштетување на двете парчиња дрво, па дури и до кршење на дрвото уште во самиот процес на заштрафување.

Завртките за дрво се составени од мек метал, па затоа шансите да се направи штета на парчето дрво се помали.

 

3. Секогаш треба го знаете степенот на влага во дрвото со кое работите

 

blank

Кога обработувате дрво, секое различно парче на дрво треба да му ја знаете природната влажност. Доколку е суво, крајниот продукт може да напукне. Доколку е превлажен материјалот, крајниот производ би се насобрал или ќе се искриви. Неточната проценка на влажноста на дрвото ги предизвикува 80% од проблемите при работа со дрво. За да избегнете лоша проценка, најдобро е да користите мерач за влажност.

 

4. Спречете ги дамките од вишокот лепак

 

blank

За да ги избегнете дамките од лепакот кој протекува долж споевите, затегнете ги парчњата заедно без лепак. Нанесете лента за маскирање над спојката и пресечете ја.  Потоа, одделете ги парчињата, нанесете лепак и повторно прицврстете ги заедно. Вишокот на лепило ќе излезе на лентата, а не на дрвото. Отстранете ја лентата пред да се исуши лепилото.

 

5. Работниот простор одржувајте го чист и уреден

 

blank

Понекогаш ефективноста може да зависи од тоа колку Ви е уредна работилницата. Неуредноста може да Ве спречи во продуктивноста. Совет од нас е, на дофат да ги чувате само алатките кои секојдневно ги користите.

 

6. Просторијата нека Ви биде добро осветлена

 

blank

Работилницата треба да Ви биде осветлена така што, како и да се свртите при работа да не паѓа Вашата сенка врз она што го работите. На овој начин ќе си обезбедите безбедност и продуктивност. Користете светла на плафонот, фокусирани светла и светла на алатките.

Ви препорачуваме ѕидовите во работилницата да Ви бидат обоени во бела боја, бидејќи на тој начин се шири светлината.

 

7. Одржувајте ги сечилата секогаш остри

 

blank

Нередовното острење на сечилата може да доведе до кинење на дрвените влакна, што ќе резултира со нерамен и не професионален изглед.

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank