Кратка историја на калибратор
Во 1968 година, Вилијам Ц. Кејес добил патент за машина за шмирглање. Овој пронајдок се однесувал на машини за шмирглање, а особено на машина за шмирглање на рамни површини. Целта на овој изум бил да се обезбеди компактна, лесно достапна и удобна машина за брзо и темелно шмиглање на предмети без помош на квалификувани оператори.
Шмирглањето е технолошки процес кој се состои од рачна или механизирана обработка на цврст материјал.
Зошто да купите калибратор?
- Калибратор со абразивен појас е актуелен во последните неколку децении. Вклучува ниска цена и високи перформанси. Шмирглањето се врши со помош на специјален абразивен појас, кој треба да се заменува кога ќе се истроши;
- Дизајн што заштедува на простор;
- Дава одлични резултати на шмирглањe;
- Лесно прилагодливи брзини;
- Високо ниво на флексибилност, благодарение на единиците за шмирглање кои се независно управувани;
- Тивко работење, благодарение на цврстата конструкција и рамка.
Што се абразивни појаси?
Абразивните појаси се бескрајни ленти, со подлога од ткаенина или хартија. Потоа двата краеви на појасот се спојуваат и формираат совршен спој, преку кој подоцна се врши шмирглањето.
Видови и употреба на појаси за шмирглање
Постојат многубројни типови на појаси за шмирглање, со различни димензии во должина и ширина.
- Должина помала од 690mm;
- Должина од 690mm до 3,000mm;
- Должина од 3.001mm;
- Ширина од 300mm до 1,600mm;
- Ширина од 1,600mm.
Абразивните појаси за овие категории првенствено се направени од различни видови ткаенини како што се: вискоза, памук, полиестер и мешавина. Сите овие видови на ткаенини за абразивни појаси имаат своја спецификација, која одредува каков материјал за шмирглање ќе се користи.
Најлесниот материјал на појас за шмирглање е 170гр. од квадрат. Потоа следува појас со 227гр од квадрат, со 340гр од квадрат итн. Исто така се користат и тешки абразивни појаси. Овие модерни абразивни појаси се далеку посупериорни од претходните генерации со додадени армирачки влакна за да се зголеми нивната цврстина при истегнување, отпорност на кинење и стабилност. Пред се, се произведуваат со најбитни својства важни за абразивните појаси, и да помагаат со вадење на прашината при работа со дрво и други материјали.
Постојат многу фактори што треба да се земат во предвид при одредување на соодветна употреба на абразивни производи со широк појас, особено во однос на нивните подлоги (тип на материјал што се шмиргла и неговата релативна цврстина, вишоци за отстранување (шмирглање), (завршница на површината); типот на опрема и година и состојба на машината.
Обложени абразивни подлоги од тешка хартија до екстремно тешки ткаенини што се користат како широк појас:
- Тешките подлоги од хартија најчесто се користат кај абразивните појаси наменети за доработка и завршна обработка на дрвени материјали од индустриски карактер, како што се плакари, мебел, дрвени подови, лајсни, врати и сл.
- Абразивните појаси не треба да се користат за отстранување на значително големи површини на вишоци или прекумерно да се оптоварува, бидејќи може да дојде до значително оштетување. Овие услови можат да предизвикаат пукање на абразивниот појас во процесот на користење, што пак може да доведе до оштетување на машината и потенцијални опасности од пожар.
- При обработка на панели, потребен е абразивен појас со подлога од полиестер. Полиестерот се јавува и како најчест тип на ткаенина како подлога.