Разлики меѓу CO2 ласер и Фибер ласер

2 ноември, 2021 | Машини, алати и материјали

blank

СО2 ласерот за гравирање и сечење има супериорна подвижност при обработка на неметални материјали, додека фибер ласерот за сечење и маркирање е многу попрофесионален при обработка на метални делови. Без разлика колку би не чинела ласер машина за гравирње или фибер ласер, треба да се фокусираме на тоа какви придобивки и профит ќе добиеме од направената инвестиција.

Цените на ласер машините можат да варираат многу во зависност од моделот, типот и нејзината моќност. Доколку се користи за сечење на метал или друг дебел материјал, потребен е ласер со голема моќност, наместо ласер кој се користи за сечење на тенки материјали. Колку е поголема волтажата на машината толку нејзината цена ќе биде повисока.

blank

Иако СО2 ласерите можат да обработат и некои тенки метални материјали како што се јаглероден челик, нерѓосувачки челик, нивната способност за сечење не надминува повеќе од 3мм, што е значително помалку од фибер ласерите.

Материјали кои можат да се обработуваат на СО2 ласер за гравирање: акрил, МДФ, картон, АБС, ПВЦ, кожа, гума, хартија, текстил, боен метал, фибер стакло, плексиглас, итн.

blank

Материјали кои можат да се обработуваат на Фибер ласер за сечење: ЦС, СС, МС, легура на алуминиум, галванизиран лим, бакар, месинг, алуминиум, обоени метали, итн.

blank

За оние кои се во индустријата со производство на метални делови е неопходна потребата од ласер, тогаш фибер ласерот ќе биде подобар избор од СО2 ласерот.

Фибер ласерот е популарна алатка за сечење во современите индустриски активности, благодарение на нејзината висока енергетска ефикасност, прецизност и економичност за повеќето индустрии од висока класа. Прави поточни сечења од традиционалните СО2 ласери и имаат подолг животен век. Исто така се подолготрајни и бараат помалку одржување во текот на работниот процес.

blank

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank