Процес на производство на бродови

22 декември, 2020 | Технологија

blank

Светската бродоградба се состои од три главни области: производство, сервис и расклопување на бродови. Областа производство се занимава со производство на бродови и нивна конструкција. Во областа на сервис на бродови вклучуваме поправки и сите видови на услужни дејности, чии активности се насочени кон одржување на високо ниво на техничка ефикасност и конструкција на бродовите во нивниот век на траење. Областа за расклопувањето на бродовите, како што и самото име кажува, откако ќе се расклопи бродот неговите материјали се рециклираат.

Овие области се тесно поврзани преку сопствениците на бродови со разни добавувачи и соработуваат за да формираат кохерентно производство и систем со услуги за сервисирање и одржување на бродовите.

Производствениот процес започнува од моментот на скицирање на бродот, па сè до негово расклопување. Животниот циклус на бродовите се состои од три главни фази: дизајнирање, градење на брод, оперативност и сервисирање. За бродот да функционира исправно, неопходно е да се изгради за потребите и условите под кои ќе се управува. Пoд клучни услови спаѓаат: крајбрежните области каде што треба да се користи бродот, природата на потребата и самостојност на навигацијата. Овие клучни услови се разликуваат кај секој различен брод и доведува до индивидуализација на процесот на градење на бродовите. Правилно дизајниран и изграден пловен објект што редовно ќе се сервисира преку целиот живот, според претпоставките направени во фазата на дизајнирање ќе ги исполни претпоставените очекувања при донесување економски придобивки за сопствениците на бродовите.

blank

1. Животен циклус на пловниот објект и односите на засегнатите страни во различни фази од овој циклус

Брод е секој пловен објект наменет за навигација по мориња и води поврзани со нив. Комерцијални бродови се категории на пловни објекти кои се користат за комерцијални цели.

Разликуваме:

  • бродови за превоз на луѓе, на пример: бродови за крстарење (од големи океански бродови до мали локални бродови за реки;
  • бродови за превоз на товар, на пример: танкери или носачи на контејери;
  • бродови за превоз на луѓе и товар, пример: траекти со различни видови на големини, од големи морски бродови до локални бродови;
  • рибарски бродови;
  • бродови за истражување и експлоатација на подводни природни ресурси;
  • пловни објекти за обезбедување на различни помошни услуги, на пример: крајбрежни патролни бродови.

Секој од овие типови на бродови се користат под различни услови, што значи дека нивниот дизајн и фаза на производство мора да ги вклучуваат следниве аспекти: област на испорака, природа на негово работење и автономијата на пловниот објект. Сите бродови имаат ист животен циклус: дизајн, производство, оперативност и расклопување.

Фазата на дизајнирање и производство е клучна во крајната ефикасност на бродот. Постои шема на создавање на синџир на вредност во животниот циклус на пловниот објект од страна на релевантните засегнати страни: сопствениците на бродовите со произведувачите, бродоградителите и добавувачите. Синџирот на вредности е строго дефиниран со низа на активности што ги преземаат компаниите, кои создаваат заеднички систем на вредности за одреден производ. Овој синџир опишува различни процеси насочени кон постигнување на зголемување на вредноста на сопствените производи.

blank

2. Дизајн и фаза на производство

Производството на бродови е комплексен и повеќефазен систем каде што се наоѓаат и голем број на компании за градење на бродови. Овој порцес на производство се состои од неколку фази. Врската помеѓу партнерите и компаниите се заснова врз доверба. Па така овој процес е првата фаза на процесот за производство на бродови. Составен е од три фази: одлука за производство на брод, процес на предпроизводство на бродот, и поцес на производство. Во секоја од овие три фази, клучен е процесот на истражување, како суштински процес за ефикасноста на бродот. Ефективноста произлегува од активности насочени кон создавање на највисоко ниво на вредост од првата фаза од животниот циклус. Оттука се прави разлика на дејствија насочени кон квалитетот на пловниот објект како една целина, заедно со квалитетот на неговите системи, потсистеми, компоненти и материјали што ги сочинуваат сите елементи на бродот.

blank

3. Процесот на производство е од клучно значење за ефективноста на неговото идно функционирање

Како што веќе споменавме, синџирот на снабдување покажува различни добавувачи: од добавувачи на материјали, преку производители на подсистеми до производители на бродски системи, бродоградилишта, сопственици на бродови и други соработувачки компании и институции. Некои од врските во синџирот се само поврзани со производството, но други се активни и до крајот на животниот циклус. Друга клучна активност во фазата на производството на брод што има значително влијание врз живтниот циклус, е спроведувањето на целокупниот синџир на снабдување со помош на менаџментот на вкупен квалитет TQM, кој вклучува:

  • производство на материјали, подсистеми, системи од добавувачи, каде што бродоградилиштето соработува со друштвото за класификација и сопственикот на бродот;
  • договорните страни, сопственикот на бродот и бродоградилиштето да поседуваат сертификати за квалилитет во согласност за заштита на животната средина со ИСО стандардите;
  • квалитет и ефикасност на протоколот за превезување на стоки во синџирот за снабдување помеѓу 3 до 1 добавувач. Да се намалат логистичките трошоци и да се одржи непречен циклус на градење на бродови.

blank blank

 

Заклучок

Треба да се забележи дека фазата на производство и фазата на оперативност се тесно поврзани. Сопственикот на бродот започнува соработка со добавувачи во фазата на дизајнирање на бродот и продолжува со соработка со добавувачите и во процесот на оперативност на бродот. Притоа сопственикот на бродот добива гаранција за одржување на претпоставената предодредена техничка подготвеност на бродот.

 

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank