Производство на ламиниран фурнир

2 октомври, 2020 | Технологија

blank

Напредокот во технологијата на дрва значи повеќе опции за архитектите и дизајнерите кои бараат цврсти материјали за структурни апликации. Инженерските производи од дрво го опфаќаат опсегот од ориентирана даска до иверица и ламиниран фурнир (LVL) и можат да бидат добра алтернатива на цврсто резбано дрво додека го зголемуваат потенцијалот за дизајн на проектот. Производите од овие материјали станаа составен дел од станбената и комерцијална конструкција, а нивното производство е во голем подем последниве години.

blank

Процесот започнува со машина која ги сече дрвата во трупецот и им ги отстранува непотребните делови. Дрвата се редат на купови за подоцна да се соберат од друга машина за транспорт. Машината влече неколку трупци до определената област за понатамошна обработка, каде што истата машина ги спортира според видот и проверува дали дрвото има дефекти што би го забавиле производниот процес или го направиле дрвото неупотребливо и ги пресекува во потребната големина за транспорт.

blank

Дрвата се носат со камион до дворот наменет за трупци, каде што истите се чуваат во редови врз основа на големината и тежината како првична подготовка за обработка.

blank

Трупците добиваат 12 часовна бања со топла вода што ја омекнува нивната кора за лесно отстранување. Ротирачкиот струг за фурнири, кој користи ласерски скенер со 105 точки за да го одреди центарот на секое дрво, ги лупи како швајцарски ролни во листови со дебелина од 3мм со брзина од 1.200 стапки во минута. За пример: Лупењето (отстранувањето на кората) на дрво со дијаметар од 60цм трае околу 5 секунди. Лентата за фурнир се оценува според нејзината содржина на влага и визуелен квалитет и автоматски се сече на парчиња што ќе се користат за производи од иверица или ламиниран фурнир (Laminated Veneer Lumber – LVL) . Парчињата со недоследности, како јазли, кора и празнини – кои обично се наоѓаат на почетокот и на крајот на листовите на секое дрво- се користат за изработка на граѓа со паралелно влакно (Parallel-strand lumber -PSL) кое е всушност форма на инженерско дрво изработено од паралелни влакна споени заедно со лепило.Има широка употреба, но најчесто се користи за греди, колони и столбови. Листовите рангирани со висок степен се сечат во димензии со ширина од 120цм и должина од 245цм и се користат за производство на ламиниран фурнир. Стругот обработува приближно 3.500 трупци секој ден.

blank

Листовите се сушат во групи врз основа на видот и содржината на влага. Во внатрешноста на машината за сушење, каде внатрешните температури достигнуваат 400 F, подвижната лента направена од перфорирани екрани го пренесува материјалот низ петминутниот процес. Ламинираниот фурнир сочинува приближно 60 проценти од производството на фабриката, додека останатите 40 проценти припаѓаат на граѓата со паралелни влакна. Штом листовите се исушат, тие се подредуваат според јачината, визуелниот изглед и содржината на влага. Листовите се чуваат во посебни купишта во магацинот до нивната обработка.

blank

Врвот на секоја обвивка е обложен со лепило за фенол-формалдехид. Лепилото спојува од 12 до 15 слоја што се состојат во секој ламиниран фурнир. Плочите се наредени и минуваат низ една од двете преси со должина од 33.5 метри при што секоја од нив обработува по 1850 кубни метри на секои 24 часа. Восочната хартија се притиска во надворешните лица на трупецот за да се подобри нејзината отпорност на влага.

blank

Од машината за ламиниран фурнир во фабриката излегува производ во долги распони, кој подоцна се сече во големини според индивидуалните нарачки. Фабриката може да изработи греди до 25м во должина, но во просек должината е 18м поради побарувачката на пазарот и капацитетот за складирање.

blank

Исушените парчиња на граѓа со паралелно влакно (PSL) се напојуваат на низа подвижни ленти кои ја детектираат тежината на секое парче пред да ги исечат на нишки широки 2.5цм. Нишките се обложени со лепило и се дистрибуираат рамномерно во корито што служи како калап за ваквите парчиња.

Штом коритото е полно, материјалот се внесува во микробранова преса што ги консолидира влакната и ја лечи лепливата врска.

blank

Плочите седат на сталажите во магацинот во период од осум до 12 часа додека подлежат на дополнителни проверки за обезбедување на квалитет во лабораторијата за да се утврдат вредностите на цврстина и истегнување. Процесот завршува со тоа што плочите се сечат по големина, се печатат со комерцијален запечатувач што се спротивставува на влагата за време на транспортот и инсталацијата и се завиткуваат за продажба преку дистрибутерите на компанијата.

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank