ФОРМАТИЗЕР

28 септември, 2021 | Машини, алати и материјали

blank

Кратка историја за форматизер

Во далечната 1878 година во Рокфорд, Илноис, В.Р. и Џон Барнс создале фиксна ротирачка пила со маса која се контролирала со педала, со слично функционирање како кај старите машини за шиење. Сепак, не била многу компактна поради неговата тежина. Подоцна во 1929 година, Арт Емонс произвел покомпактна верзија, која функционирала на електричен мотор.

blank

Форматизерите се одликуваат со разновидни решенија за сечење од светска класа. Може да се избере некој модел со стандардни опции и поедноставени контроли, па се до моторизирани команди дизајнирани со леснотија да се справат дури и со најтешките операции на сечење.

Moдели на форматизер

Полупрофесионални модели

Полупрофесионалните модели се добро познати поради карактеристиките кои секој може да ги искористи. Големината на обемот на работа со нив е ограничена, може да се сретнат во различни димензии, моќноста претежно е 3kw, a тежината од 300-550кг. Како предности за овие модели би се издвоиле: најкомпактен модел со едноставни контроли што почетниците можат брзо да ги сфатат како и ниски цени во споредба со другите модели на форматизери.

blank

Професионални модели

Професионалните модели, исто така можат да се најдат во различни димензии на лизгачката маса и се идеални за работилници со ограничен буџет. Кај овие модели моќноста е исто така претежно 4.5kw, а тежината околу 850кг и генерално се опремени со многу повеќе додатоци.

blank

Индустриски модели

Кога станува збор за индустриските модели всушност, секоја од нивните карактеристики е супериорна во однос на другите видови форматизери. Што се однесува до изгледот, тие не изгледаат многу поразлично, но повеќето сличности завршуваат тука. Секоја нивна компонента е дизајнирана да биде издржлива и робусна.

Што се однесува до одделните компоненти, нивните огради се докажани како многу попрецизни и поцврсти од оние на другите видови форматизери. Нивните мотори се генерално помоќни, 5500w главен мотор и 1100w на предрезач. Форматизерот сече секаков вид на материјал тврдо дрво, граѓа третирана под притисок, бор, иверица и така натаму. Масивната конструкција чија тeжина често надминува 800 килограми, додава на нивната стабилност. Најпопуларни димензии кај овие модели се 3200 x 430mm лизгачка маса. Рачно или моторизирано подесување на висината на пилата како и агол, дополнителна корпа се едни од опциите кои можат да се одберат. Составени од врвен систем на лизгач со челични шини, чиј животен век е со децении и се идеален избор за сите професионални изведувачи.

blank

Начин на работа

Форматизерите се најраспостранетиот вид на електрични пили, тие се користат за сечење на големи панели како што се иверица, мдф табли итн.

Форматизерот е составен од:

  1. Фиксна маса – парчето што се сече останува на фиксната маса;
  2. Дополнителни маси (лизгачка маса) – служат за движење на парчето што сакаме да го сечеме;
  3. Мотор – од моторот зависи јачината на машината;
  4. Фирунг за мерење – служи за мерење на големината на парчето дрво што се обработува;
  5. Пила – со пилата се сече парчето дрво;
  6. Предрезач предсечило (сечило со помал дијаметар, секогаш монтирано пред главното сечило на пилата) помага да се намали распарчувањето на долната површина на одредени парчиња;
  7. Аспиратор – место каде се собира пилевината.

Форматизерот овозможува сечење на дрвото по ширина, вкрстено сечење или сечење на дрвото по должина, аголно сечење и сечење во косина.

Исто така со форматизерот може да се направат прецизни пресеци како вдлабнување и креирање на жлебови.

Зошто да купите форматизер?

Форматизерите го прават сечењето побрзо, полесно и побезбедно.

Со форматизерот се прават мазни и точни сечења.

Форматизерите се одлични за сечење прави линии со висок степен на прецизност и овозможуваат да се направи истото сечење секој пат.

Придобивка во работата со форматизерите е исто така безбедноста, поради местото каде што е поставена лизгачката маса во однос на пилата.

Сечила за форматизер

Добрите сечила ги прават полесно и попрецизно сечењата на поголем материјал.

Постојат голем избор на сечила за форматизер, но главната разлика е во нивниот квалитет и за кој тип на материјал за сечење се наменети. Важно е да се напомене дека карбидните сечила се поиздржливи и по отпорни на загревање при работа, притоа траат многу подолго од основните сечила од јаглероден челик и главно се користат за сечење на МДФ.

blank

Типови на сечила

  • Вкрстени сечила – се користат за мазно сечење. Се одликуваат со повеќе забци, од 60 до 80, а помалку жлебови. Поради тоа поспоро го сечат дрвото, но и помалку оставаат вишок на материјал. Не е наменето за сечење на цврсто дрво, посоодветно е за сечење на меламин, медијапан и иверица.
  • Сечила за грубо сечење на дрвен материјал – воглавно имаат од 10 до 30 забци со поголеми агли на забците од најмалку 20 степени. Овој тип на сечила не се наменети за вршење на мазни сечења. Поради грубото сечење на материјалот оставаат многу неупотреблив материјал од самото дрво, но и рабовите остануваат со вишок материјал кој подоцна ќе треба да се доработува и измазнува.

blank

  • Комбинирани – имаат од 40 до 50 забци, со кои се избегнува потребата да се менува сечилото доколку е потребно да се изврши сечење со вкрстено сечило или сечило за грубо сечење.

blank

  • Сечило наменето за создавање на широки жлебови во дрвото за полици, панели, врати и фиоки.

blank

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank