Kратка историја за бансек
Бансекот по потекло се смета за француска иновација, меѓутоа била измислена од англичанецот Вилијам Њубери. Во 1808 г. Њубери патентирал машина за сечење на дрво, при што се користела “бесконечна” пила како лента намотана на две тркала.
Избор на бансек според Вашите потреби
Честопати, може сте си го поставиле прашањето која е разликата помеѓу бансек за дрво и бансек за метал? Всушност, нема значајна разлика. Главната разлика е генерално во самото сечило. Специјално дизајнираната и конструирана метална пила му овозможува на бансекот да изврши прецизно сечење со голема контрола на насоката на сечење со што е можно помалку неискористен материјал. Другите карактеристики во однос на дизајнот и начинот на работа се многу слични.
Постојат неколку различни видови на бансеци, секој со своја карактеристика и специјалност. Најчесто може да ги пронајдете во вертикална или хоризонтална формација. Исто така и кaj двата вида може да се постават сечила кои имаат специфични капацитети за сечење на различни материјали.
Во зависност од материјалот, работното парче и типот на проект на кој ќе работите, ќе се одреди дали ви е повеќе потребен хоризонтален или вертикален бансек. Затоа во прилог следи еден брз водич за позитивните страни, како и за идеалната употреба за да си помогнете во изборот.
Хоризонтален бансек
Хоризонталниот бансек работи со држење на работното парче во мирување додека пилата минува низ него, изведувајќи прецизно сечење. Овој тип е идеален за вас доколку сакате да ги смалите парчињата по големина и да исечете тенок или дебел крој во зависност од вашите потреби. Тие нудат екстремна прецизност при изведување на директно сечење и исто така се наоѓаат достапни во различни големини.
- Предности
Хоризонталните бансеци се исклучително тивки за работа во споредба со другите машини и генерално создаваат помала бучава. Има различни големини и служат за обработка на дрво, метал или пластика. Исто така достапни се и со автоматско сечење, што значи дека можете да продолжите да работите на друго додека бансекот ги обработува парчињата.
- Недостатоци
Хоризонталниот бансек нема да може да даде заоблени линии или комплицирани форми.
- Идеална употреба
Хоризонталниот бансек ви е неопходен доколку имате голема работилница, работите со поголеми парчиња, и вршите редовни и рутински сечења на вашите материјали.
Вертикален бансек
Вертикалните бансеци го сечат поинаку материјалот во споредба со хоризонталните, давајќи му сосема поинаков сет на придобивки. Самата пила останува неподвижна додека работното парче го движите преку сечилото за да се создаде пресек. Бидејќи можете да го поместите работното парче како што сакате, тоа отвора повеќе можности за различни стилови на сечење и други функции.
- Позитивни
Вертикалните бансеци се идеални за изведување комплицирани кроеви, форми и агли. Многу од нив имаат отвор за поврзување со отпрашувач со кои може да се отстранат сите остатоци од работната површина, што ја прави оваа машина безбедна за употреба.
- Идеална употреба
Вертикалниот бансек, благодарение на нивната разноврсност и способност да направат многу повеќе од само сечење, тие се идеални и за оние без огромни барања за производство.
Начин на работа
Бансекот дава сериозна моќ на сечење што овозможува ефикасно да правите и прави и аголни сечења. Без разлика дали сечете неправилни, сложени форми или едноставно сечете дрво за да создадете потенки плочи или ги претварате трупците во граѓа, овие машини се исклучително сигурни со можност да завршат скоро бесконечни задачи.
Бансекот се состои од челична лента со назабен раб што ротира околу две големи тркала.
Пред да започнете со користење на бансекот проверете дали пилата е правилно наместена. Мора да го изберете и инсталирате правилното сечило за пила пред да направите било какви парчиња.
Пилата на бансекот обично доаѓа со едно сечило, но многу различни видови сечила се достапни за различни апликации.
Овие варијанти им овозможуваат да прават различни типови на сечења, во зависност од вашиот материјал и обликот на наменетото сечење.
Бансекот го држи работното парче неподвижно додека сечилото се спушта надолу низ пресекот. Кога пилата е поставена за сечење, операторот ја крева пилата, го поставува материјалот што треба да се исече под сечилото, а потоа ја вклучува пилата. Сечилото полека се спушта во материјалот, сечејќи го кога сечилото на лентата се движи.
Овие пили прават пресеци што другите пили не можат да ги извршат.
Техника на бансекот е што користи исклучително голема брзина на сечење и тежок притисок.
Тие се дизајнирани за сечење материјал што е тежок или невозможен за сечење со конвенционално забино сечило.
Како и секоја алатка, бансекот има потреба од внимание, одржување и грижа.
Инсталација
Соодветното прилагодување на бансекот е најважно.
Треба да ја поставите кружната пила на две тркала, едно горе и едно доле.
Потоа треба малку да ја затегнете и да ја центрирате пилата на двете тркала, со помош на горното тркало, бидејќи само горното тркало може да го поместуваме, на тој начин што забците на пилата не треба да допираат на тркалото.
Работниот простор не треба да биде влажен, треба да биде чист и уреден и добро осветлен. Проверете во случај да има некакво оштетување. Доколку некој дел од машината е оштетен, треба да биде внимателно прегледан со цел да се осигурате дека може непречено да ги извршува функциите. Доколку се двоумите, заменете ги деловите.
Бидете сигурни дека прекинувачот е во позиција „OFF“ пред да го вклучите кабелот во штекер.
Сечило за бансек
Има многу фактори според кои се одбира сечилото на бансекот. Прво, треба да знаете која големина на сечило ви е потребно за вашиот бансек, потоа што планирате да сечете и каков тип на сечење сакате да извршите.
Следно, треба да знаете која ширина на сечило ќе ви биде функционална за да го извршите типот на сечење кое ви е потребно. Воглавно, широките сечила се користат за рамни сечења на подебели материјали. Доколку сакате да направите закривено сечење, тогаш одберете сечило со помала ширина.
Распределбата на запците на сечилото исто така ќе делува на сечењето. Сечилата со побројни запци извршуваат пофини сечења, додека пак сечилата со поретки запци извршуваат погрубо сечење.
Освен овие карактеристики на сечилата, постои и поделба на сечилата според распределеноста на запците, како што се: регуларни, кукасти и сечила со ретки запци.
- Регуларни сечила: имаат пропорционално распоредени и се идеални за сечење тенки материјали со фина завршница.
- Кукасти сечила: имаат поголеми запци, побрзо и погрубо сечат. Овие обично се користат за долги резови во подебело дрво, тврдо дрво, пластика и метал.
- Сечила со ретки запци: овој тип на запци најчесто се користи за сечење на меко дрво. Наменети се за сечење на долги работни парчиња без прекини, меѓутоа овој вид на сечила не може да ви даде соодветна чиста завршна обработка.
Зошто да купите бансек
За обична обработка на дрво, како што е создавање на мало парче мебел, бансекот е неопходна алатка и за професионалци и за хобисти. Овие пили прават пресеци што другите пили не можат да ги извршат и се совршени за следење на закривени и неправилни облици. Бансекот е исто така идеален за сечење на граѓа во помали плочи и може да се користат дури и за сечење метал.