Кратка историја за четвоространa блањалицa
Април 13, 1852 година, во Винчестер, четвоространата блањалица била патентирана, а сопственик на патентот бил Џоел Витни.
Четвоространите блањалици се машини за рамнење на дрво кои го обработуваат работното парче со 4 вретена поставени редоследно. Работните парчиња се водат со ролери при обработката по должината на машината. Машините се обезбедени со четири мотори, кои се распоредени под, лево, десно и горе од масата.
Процесот на обработка е поделен на:
- Долна обработка
- Странична обработка
- Горна обработка
Конструкција
Четвоространите блањалици имаат масивни конструкции, во комбинација со челик и леано железо. Деловите од леано железо обезбедуваат високо амортизирање на вибрациите, долготрајна издржливост, нелепливи способности и отпорност на деформации. Леаното железо се користи за рамнење и обликување на маси (во внатрешноста на блањалицата помеѓу сечилата). Челичните делови на блањалицата се отпорни на корозија и многу издржливи. Челикот има многу висок сооднос на јачина и тежина.
Што се четворострани блањалици и како функционираат?
Секоја машина е важна алатка со која се заштедува физичкиот напор, затоа блањалицата претставува несомено една од најважните кога станува збор за машините за обработка на дрво. Англискиот збор “moulder” кој е составен дел од називот на оваа машина значи калап, бидејќи во суштина ја „калапира“ формата со отсекување на вишокот дрво што е потребно за откривање на профилот.
Овој процес се случува на сите четири страни на претходно подготвената табла со едно поминување низ машината.
Главни карактеристики на четворострана блањалица
- Брза обработка на материјал. Брзината се движи од 6-45 метри во минута.
- Секоја главна осовина е управувана од независен електричен мотор, што овозможува моќно сечење.
- Спиралниот секач на машината опционално може да биде со врвови од карбид.
- Издржлива работната маса со тврда хромирана облога.
- Погонските ролери со повеќе групи ја подобруваат ефикасноста на обработката.
- Резервните делови се дебели и цврсти кои овозможуваат висока прецизност, висока стабилност и висока сигурност.
- Целосно затворениот заштитен штит може да спречи исфрлање на прашина од пилата и ефикасно да го изолира шумот и да ги заштити операторите.
Ролери
Ролерите за обработка го притискаат работното парче и го движат низ машината. Дури и ако таблата е малку навалена, ролерите ќе ја држат рамно, така што ќе добиете конзистентен профил од крај до крај. Првите валјаци се направени од челик со жлебови, а последниот валјак има полиуретанска обвивка за да не се оштети вашиот завршен профил.
Сечила
Подесување на висина за сечење
Подесувањето на висина може лесно да се направи рачно.
Отвори за отпрашување
Четворостаните блањалици имаат четири или повеќе отвори за отпрашување, кои се наоѓаат во близина на секој секач, за да не се наталожат остатоци во машината. Супериорното извлекување прашина овозможува добро сечење – дрвените остатоци не се наталожат околу секачите и валјаците за обработка.
Централизиран контролен панел
Преку кој операторотм може да ги стартува/запира сите сечила и моторот за обработка одделно. На овој начин се намалува потрошувачката на електрична енергија, трошоците за одржување со користење на посебни сечила.
Контролната табла има копче за итно запирање.
Изработени примероци
Заклучок
Иако е многу едноставен по концепт, модерната блањалица е доста сложена, компјутеризирана, со вградени сензори и автоматизирани уреди за поставување. Од огромно значење се безбедносните карактеристики, како што е онаа што ги исклучува моторите, па дури и електронски ги запира сечилата доколку се отвори врата или се исклучи граничниот прекинувач додека работи.