Комбинираната машина за обработка на дрво е машина што нуди неколку типа на операции со голема заштеда на простор. Комбинираните машини најчесто се состојат од циркулар, дихт, абрихт, бушилица и фреза. Доколку немате голема работилница и простор за повеќе машини, тогаш дефинитивно комбинираната машина е правиот избор за Вас.
Проблематичната страна на комбинираните машини е што е потребно малку време за префрлање од една во друга функција. Но со добра припрема и план, најпрво да ги завршите материјалите со кроење па потоа со рамнење па фрезирање, во тој случај тоа нема да Ви претставува никаков проблем.
Комбинираните машини ги има во три главни конфигурации: 2 во 1 (дихт и абрихт), 3 во 1 (дихт, абрихт и бушилица) 4 во 1 (циркулар, дихт, абрихт и бушилица) и 5 во 1 (циркулар, дихт, абрихт, бушилица и фреза), во зависност од моделот, дополнително комбинирките имаат и додатни фунцкии како глодало, оштрилка, предрезач и слично.
Цената на овие машини може значително да варира во зависност од големината, фунцкиите и капацитетот, комбинирките се делат на полу-професионални, професионални и индустриски.
Полу-професионална комбинирка.
Професионална комбинирка.
Индустриска комбинирка.