Машина за рамнење по дебелина – ДИХТ

16 јули, 2021 | Машини, алати и материјали

blank

Кратка историја за дихтови

Дихтовите потекнуваат уште од античкиот Рим и оттогаш се користат до ден денес. На почетокот, биле направени од само дрвени блокови со правоаголен облик на отвор во центарот за да се вклопи металното сечило, кое било затегнато со друг дрвен блок. Сепак, со текот на времето и напредувањето на технологијата, дихтовите претрпеле бројни подобрувања и измени.

Во средината на 1800-тите, рачните дихтови изработени од леано железо биле прво произведени од Леонард Бејли, кој потоа го пренел патентот на Стенли. Потоа Стенли продолжува да произведува дихтови во согласност со дизајните на Бејли.

blank

Модели на дихтови

Без разлика дали сте соло-оператор и ви треба помал дихт кој ќе го штеди вашиот простор или имате голема работилница и потребен ви е дихт со голем капацитет, разликуваме неколку типови на дихтови: полупрофесионални, професионални и индустриски дихтови во сите големини и спецификации. Во последно време, достапни се низа на стандардни дихтови, кои користат универзални мотори наместо индукциски и се многу поевтини од индустриските верзии. Додека пак индустриските дихтови имаат капацитет за обработка на многу широки плочи и да отстранат големи количини на материјал во еден премин. Овие машини се управувани од моќни мотори и се со масивна конструкција.

Според видот на обработка постојат дихтови кои го рамнат парчето од едната страна, двострани дихтови кои го рамнат парчето од двете страни, како и четворострани.

blank

Зошто ви е потребен и како да го одберете соодветниот дихт?

Во прилог неколку причини зошто ви е неопходен дихт при процесот на обработка на дрвото:

  1. Рачното рамнење на дрвото одзема многу време и обработката е потешка.
  2. Резултатот не е секогаш тој што го посакуваме.
  3. Одзема многу физичка сила.
  4. Количината на производи е многу помала.
  5. Нема голема продуктивност.

Со оглед на горе споменатото, поседувањето на дихт при процесот на работа ќе обезбеди многу побрза обработка на дрвото, подобар квалитет, зголемена продуктивноста и намалена употреба на физичка сила.

За да бидете сигурни дека сте го одбрале најдобриот дихт соодветен на вашите потреби, важно е да ги имате предвид следниве основни карактеристики по кои се разликуваат дихтовите:

  • Моќност

Ако вашиот дихт нема моќен мотор, тогаш нема да можете да завршите обемна работа со него, особено ако барате висококвалитетна завршница или да преземете обемни проекти што вклучуваат рамнење големи површини.

  • Ширина на рамнење

Ако имате намера да го користите за различни проекти, најдобро е да изберете модел со голема ширина на рамнење, за да можете да поставите поголеми парчиња дрва кога е потребно. Ако пак, имате тенденција да работите секогаш со иста ширина, тогаш можете да изберете покомпактен модел кој е погоден за вашите работни барања.

  • Капацитет на дебелина

Проверете дали дебелината на рамнење на дихтот соодветствува со ширината на вашите дрва.

  • Брзина

Побарајте модел кој има голема максимална брзина на сечилото, измерена во вртежи во минута и пристојна брзина на напојување измерена во метри во минута. Премногу бавната обработка ќе го намали животниот век на вашите сечила преку триење и прегревање. .

  • Продолжени маси

Колку е поголема работната маса, толку е подобро нивото на поддршка. Меѓутоа, ако имате мал работен простор и редовно не користите големи парчиња дрва, тогаш подобро е да изберете покомпактен модел.

Начин на работа

Дихтот се користи за обработка на дрвени материјали на многу едноставен и лесен, но практичен и функционален начин. Обично парчињата што се обработуваат на дихтови веќе биле подложени на прелиминарно израмнување на абрихт. Дебелината на произведеното парче е регулирана од висината на прилагодливата маса. Парчето дрво го поставуваме на работната маса, ја прилагодуваме  посакуваната висина. Кога ќе го поставиме работното парче и ја вклучиме машината, дрвото автоматски се движи преку ролерите и поминува низ сечилата на дихтот каде што се изедначува и израмнува. Со повторно поминување дрвото станува помазно, и за кратко време ја имаме посакуваната структура, со изедначена и мазна површина.

blank

Инсталација

Денес повеќето модели се компактни и можат да се вклопат и во помали простории. Откако ќе избереме модел на дихт треба да бидеме сигурни дека сме го поставиле во близина на напојувањето, бидејќи треба да се вклучи директно во штекер. Продолжните кабли се потенцијални опасности од пожар кога ќе се прегреат. Се приклучуваат на монофазна или трофазна струја со модул за вклучување и исклучување. Проверете дали напонот на напојувањето го достигнува предвиденото барање, ако не, тогаш не ја стартувајте машината. Секогаш бидете сигурни дека монтираните делови се добро фиксирани, и секогаш одржувајте рамнотежа. Мора да се внимава на потенцијалните опасности, вклучително и на човечкиот фактор, што можат да влијаат врз безбедноста. Операторите треба да имаат неопходна обука, вештина и алати за соодветно извршување на работата.

Тип на материјали

Главните видови на дрво што се користат се: бор, ариш, храст, бука, орев, цреша, венге, чам и многу други.

Сечила 

Челикот на сечилата на дихтот варира помеѓу “HSS”, “Co-Cr” и “TC”. Сечилата изработени од “HSS” челик можат лесно да се обликуваат, не се многу скапи и се погодни за меко дрво. “HSS” сечилата одземаат повеќе време за точно да се наместат, во споредба со поскапите тенки сечила од “Co-Cr”, кои се за еднократна употреба и бргу се менуваат. Тие се потешки, подолготрајни и се добар избор за дихтовите од многуте модерни работилници. Сечилата изработени од челик од “TC” се најдолготрајните и најскапите сечила, но можат да бидат кршливи и се најчесто користени во високо-производствените работилници.

Освен по типот на челик од кој се изработени сечилата, разликуваме сечила кај дихтот и по нивната форма, како што се спирални и стандардни.

Предност при користењето на спирални сечила е парчето што го обработуваме ќе биде исечено многу помазно и попрофесионално отколку со стандардните сечила.

blank

  • Подобрување на квалитетот на завршницата со дихт

Квалитетот на завршницата која ќе се постигне со дихтот зависи од повеќе фактори, како што се острината и квалитетот на сечилата, бројот на сечила, а најбитно колку од нив активно сечат – мора да бидат правилно поставени за да можат регуларно да сечат во истиот круг. Други фактори се вртежите во минута на блокот, брзината на обработка и во помал степен, дијаметарот на блокот на сечилото.

Бројот на сечила, брзината на вртежите и брзината на обработката ја одредуваат брановата должина или чекорот помеѓу секое сечило.

Помалата брзина на обработка ќе даде помал наклон, што бара помалку рачно измазнување или брусење за да се даде чиста рамна површина пред завршницата.

blank

  • Oстрење на сечилата

За да се подобри перформансот на сечилата потребно е да се одржуваат, односно повремено да се острат. Острењето на сечилата може безбедно да се изврши на машина за острење на сечила.

 

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank