Дрвена опрема за фитнес – уникатна и функционална

5 март, 2021 | Започни свој бизнис

blank

Постојат различни типови на опрема за вежбање кои можат да се изработат од дрво. Освен нивната функционалнот, убаво ќе се вклопат и како декорација во домашното уредување или фитнес салонот. Доколку имате соодветен алат, голема желба и креативност, започнете бизнис со изработка на дрвени справи за вежбање. Изработувајте ги во различни димензии, мултифункционални и прилагодени за вежбална за домашни услови или за фитнес клуб.

1. Дрвен веслач

Дрвен веслач комбинира повеќе машини во една за да заштеди простор и да ја зголеми ефикасноста на вежбите. Може да го користат поединци во нивните домови, но првенствено е наменет за спортски сали, фитнес и центри за рехабилитација.

Дрвениот веслач не е тежок за употреба, бидејќи ќе задоволи сечии потреби и физички способности. Со користење на веслачот треба да се зголеми издржливоста, физичката сила, еластичноста на мускулите, рехабилитација, стабилност и сеопфатна физичка подготовка.

blank blank

2. Справа за балансирање

Справата за балансирање е дрвена oпрема – горниот дел е составен од квалитетна иверица, а долниот дел од цврсто дрво.

blank

3. Балансирачки рачки за склекови

Изработувајте рачки за изведување склекови и одржување рамнотежа.

blank blank

4. „Slimbeam“

„SlimBeam“ е справа која може да се изработи со неверојатно компактен дизајн што го прави совршен за домашна спортска сала што е ограничена со просторот. Има прилагодлива висина со двојна макара, магацин со тежина од 75 килограми и шипка за потклекнување / седење. Бројот на можности за вежбање им овозможува на корисниците да ги вежбаат сите области на горниот и долниот дел од телото.

blank

5. Мултифункционална клупа

„TriaTrainer“ е мулти-функционална клупа за вежбање која има три клучни позиции: затворена, полуотворена и целосно продолжена. Клупата може да се прилагодува на секоја позиција, што овозможува да се фокусираност на различни мускули (јадро, грб и гради) во зависност од тоа која од 3-те позиции се сака да се вежба. Оваа справа се изработува од дрво како 3 во 1 справа.

blank blank

6. Преграда за вежбање

 

blank

Преградите за вежбање се разноврсна и корисна опрема за вежбање. Овој тип на справа не зафаќа голем простор, бидејќи се монтира на ѕид. Интересно е што може да се надогради со уште некој тип на справа на расклопување и преградата за вежбање да се направи мултифункционална.

Дрвените фитнес иновации нудат уникатни решенија за теретаните. Тие се идеални за домашни спортски сали, хотели и теретани кои го сакаат тој дизајн, но исто така стануваат сè попопуларни за салите за фитнес/пилатес кои нудат алтернатива на традиционалната опрема.

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank