Со векови дрвото, поради своите извонредни карактеристики на топлотна и звучна изолација како и неговата енергетска ефикасност е предпочитан материјал за производство на врати. Неговата применливост е трајно вградена во развојот на новите производи за иднината бидејќи има докажано дека може да ги надживее сите други материјали. Дрвото е обновлив ресурс, тоа е материјал кој е флексибилен, разделлив, способен за резба и лепење, и е многу лесен за примена на различни видови завршници. Со избирање на соодветни бои и лакови, дрвените врати се најдобриот еколошки избор.
Без оглед дали сакате да произведувате внатрешни или надворешни врати, дрвото е врвен избор што може да испорача традиционален шарм или модерен стил за да ги задоволи вкусовите на секој сопственик.
Изработувајте модерни врати со различен дизајн.
Врати со стакло за дополнителна светлина
Врати кои служат како разделувачи на простории
Или едноставно надворешни врати
Изборот зависи само од вас
Постојат различни видови на машини за производство на врати кои ви се неопходни при започнување со ваков бизнис. Машини за мануелна обработка, полу-автоматска обработка или комплетна автоматизирана обработка со минимален човечки фактор. Исто така, битен дел е дневниот или месечниот капацитет на обработка, според тоа се одредува каков тип на машини ви се потребни. Позитивно е што во денешно време на пазарот постојат многу типови на машини за сечиј буџет.
Дел од машините за обработка на врати се: кројач, дихт, четворострана блањалица, преса, цнц машина, кантерка, фарбара, мембрана, лепилка, фреза, калибратор и други…
Заинтересирани сте да започнете бизнис со производство на врати?
Обратете се во компанијата RADEK за понуда според вашиот моментален буџет. Со среќа!
Видео: Процес на производство на врати.