Изработка на производи од дрво за почетници

6 август, 2020 | Започни свој бизнис

blank

Да се направат убави, рачно изработени предмети од дрво се исклучително креативен и наградувачки начин за заработка. Секако, како и секој уметнички или занаетчиски проект, некои дрвени креации се продаваат подобро од другите.

Доколку сте решени да ги претворите своите креативни вештини за обработка на дрво во профит, погледнете ги следниве најпрофитабилни проекти за почетници.

1. Закачалка за палто.

Закачалките направени од дрво даваат впечатлива карактеристика на ѕидот и просторот во секој дом. Овие неопходни додатоци за домот се лесни за правење и не бараат ништо повеќе од едно парче дрво, ногарки и закачалки од ковано железо, што ги прави супер профитабилен проект при обработка на дрво.

blank

blank

 

2. Рамки за слики

Дрвените рамки за слики се лесни за правење и може да се направат да изгледаат уникатно според декорацијата, бојата и украсите што ги додавате. Дрвените рамки за слики секогаш ќе бидат во побарувачка и поради ефтината цена за изработка, се уште еден профитабилен проект.

blank

3.Саксија за растенија

Дрвото е одличен материјал за изградба на привлечни саксии за растенија, кои се одличен додаток во дворот, терасата, градината, па дури и во затворен простор. Овие барани производи се едноставни за правење и едни од најефтините и најпрофитабилните проекти во кои може да се вклучите.

blank

4.Ѕидни аголни полици

Ѕидните аголни полици направени од бујни дрвени парчиња, даваат уникатна карактеристика и во традиционалните и во современите домови.

Овие проекти за обработка на дрво се забавни за правење и  освен дрво и лепак, нема да ви бидат потребни други материјали. Ова значи дека можете да ги продадете своите креативни пронајдоци направени со минимален трошок, за убав профит.

blank

5. Сталажа за чаши

Слично како закачалки за палто, но во помал обем, сталажите за чаши се лесни производи што може да се направат од дрво и служат како извонредни подароци за Божиќ и роденден за секој кој сака необични предмети во својот дом. Овие интересни елементи за кујната не одземаат многу време за изработка, не завземаат голем простор и се евтини, а во исто време се совршено решение за искористување на просторот за сите љубители на чаши кои немаат простор за истите во кујнските елементи.

blank

6. Рустикална табла над спалната

Искористете ги вашите уметнички вештини за изработка на убави, рачно изработени, рустикални украси над вашата спална направени од неверојатно дрво. Ваквите парчиња мебел се одличен додаток во спалната соба, што ги прави привлечни и лесни за продажба.

blank

7. Сталажа за обувки 

Направете уникатна сталажа за обувки која ќе изгледа модерно, но и практично.

blank

8. Столче за работа и кутија за алат во едно

Побарувачката за овој производ е најголема кај мајсторите и занаетчиите бидејќи нуди простор за складирање на потребниот алат, а истовремено е и столче за работа.

blank

9. Кутија за леб

Овој производ се наоѓа во секој дом. Потребата за ваков производ и едноставноста при изградба се причините зошто овој производ може да ви донесе заработувачка .

blank

10. Едноставни украсни полици

Направете спој на префинетост и модерно со изработка на декоративни полици. За почеток правете ги едноставни, во коцкаста или правоаголна форма. Некогаш едноставноста е онаа која најмногу се продава, а стилот на секој дом се наоѓа точно во ваквиот тип на декорации.

blank

 

 

 

 

 

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank