Почетник или професионалец, секој кој обработува дрво има остатоци од истото во неговата работилница. Зошто наместо да ги фрлите, да не ги искористите за производство на некои интересни и практични предмети? Еве примери за производи направени од остатоци од дрво.
Дрвени подметачи
Направете дрвени подметачи за сите обожувачи на рустикалниот стил. Со овие подметачи попладневното кафе добива шик ефект и ја прави комплетна атмосферата за уживање во добро вино. Истовремено се и одличен креативен подарок.
Даска за сечење
Секој сака во својот дом да има нешто поинакво и поразлично од другите, но зошто тоа да не биде и поквалитетно и еколошки? Направете уникатни и издржливи даски за сечење. Доколку сте успешни во изработката на даските за сечење, бидете храбри и играјте си со формите, додадете бои или пак смислете нов дизајн.
Даска за сервирање
Овој производ изгледа совршено при декорирање на маса за забави или мали интимни дружења. Можете да го направите во кружна форма со ротирачко постоље, правоаголна форма со ногарки, рамна даска со празнини, или пак на неколку катови како на сликата, изборот е голем. Што и да одлучите, овој производ за сервирање сирење, грицки и други видови мезе е практичен и баран како за кетеринг, така и за секојдневна употреба.
Даска за пица
Направете дрвена даска за пица која ќе овозможи одлична забава на собирањата со фамилијата или пријателите. Се прави слично како и останатите даски, но се разликува во деталите. Бидете креативни и додадете забава додека уживате во јадењето.
Држач за тако
Направете решение за проблемот со сервирањето тако на семејни вечери или дружба со пријателите. Овој држач се прави многу лесно, а е многу потребен и функционелен, ова ќе го потврдат сите љубители на мексиканска храна кои веднаш би го купиле производот.
Чинии за овошје
Чиниите за овошје се присутни скоро во секое домаќинство, обезбедувајќи привлечна и практична карактеристика во кујните и просториите за јадење. Овие украсни елементи за домаќинство изгледаат уште поизразени кога се направени од вистинско дрво.Без разлика дали се изработени од цврсто парче дрво или од фрагментирани парчиња, чиниите за овошје се барана ставка за домот и затоа претставуваат профитабилен проект.
Подлога за купатило
За да го направите овој производ за купатило ќе ви биде потребно помалку од еден час, а долгорочно ќе го решите проблемот со лизгање на плочките. Дрвената подлога ја дава потребната сигурност при излегување од бањата, а дава и посебен изглед во купатилото.
Компјутерска полица
Направете ја оваа едноставна, но сепак корисна компјутерска полица за вашата работна маса со неколку парчиња дрво и пиштол за лепење. Прикажаниот модел е направен со парче иверица и две парчиња табла исечени во должина од 12-инчи.
Интересни саксии за цвеќе
Кога ја делите канцеларијата со други колеги, или располагате со мал крадратен простор, тешко е да го уредите просторот по свој вкус. Затоа, со помош на овие малечки саксии за растенија кои не одземаат многу место и се лесни за правење, ќе го разиграте бирото и ќе му дадете свој печат на просторот.
Хранилки за птици
Хранилките за птици како декорација во градината можат да имаат различен облик. Вие ќе бидете во можност да покажете имагинација, за реализација на повеќето невообичаени решенија. Освен што изградбата ќе ја разубави вашата градина, средбата со пердувести гости ќе ви даде радост и добро расположение.
Постојат различни видови на машини за производство на горенаведените производи кои ви се неопходни при започнување со ваков бизнис. Машини за мануелна обработка, полу-автоматска обработка или комплетна автоматизирана обработка со минимален човечки фактор. Исто така, битен дел е дневниот или месечниот капацитет на обработка, според тоа се одредува каков тип на машини ви се потребни. Позитивно е што во денешно време на пазарот постојат многу типови на машини за сечиј буџет.
Потребен буџет за почеток со ваков бизнис: 2.000 – 3.000 евра за машини.
1.000 – 1.500 евра за помошни алатки, компјутер и програма, веб страна, флаери, визит карти…
Потребен простор за почеток: 30 – 70 m2
Дел од машините потребни за изградба на овие производи се: абрихт, мини цнц машина, шлајферица, бансек, торно и дупчалка
Заинтересирани сте да започнете ваков вид на бизнис?
Обратете се во компанијата RADEK за понуда според вашиот моментален буџет. Со среќа!