Започнете бизнис со изработка на дрвени подови

12 февруари, 2021 | Започни свој бизнис

blank

Започнувањето на свој бизнис е веројатно еден од најдобрите примери за вложување. Нема да погрешите доколку превземете чекор и се одлучите за изработка на дрвени подови. Сите видови на подови од тврдо дрво кои би ги изработувале имаат природна убавина и прилегаат со било која декорација, модерна или традиционална. Подот од тврдо дрво се вклопува во секоја просторија, иако во кујните и подрумите се преферира употреба на друг тип на под, но има различни типови на дрво кои одлично би се вклопиле на индивидуални барања и вкусови.

Изработка на некомплетен под

Некомплетниот под од тврдо дрво е добра опција за оние кои сакаат да ја разбијат монотонијата во просторијата. Изработувајте под од тврдо некомплетно дрво за кујнски простории, со помош на финишот, кој ќе навлезе во самите пори на дрвото ќе се запечатат и ќе се спречи навлегување на вода во нив.

blank

blank

blank

blank

Цврст или машински обработен под

Цврстиот под се изработува од тврдо дрво со дебелина од 5/8 до 3/4 инчи. Поради неговата цврстина многу често може да се шмиргла и лакира. Сепак е подложен на промени како последица на влага и затоа не е препорачлив за користење во подрумски простории.

blank

blank

Машински обработените подови се со слој од тврдо природно дрво, а под него има неколку слоеви на друг тип на дрво како на пример иверица. Оваа изработка на материјалот му дава одлична стабилност и претставува одличена материјал за под за било која просторија, вклучувајќи ги и подрумските простории. Во зависност од дебелината на тврдото дрво, тоа ќе може да се шмиргла и лакира само еднаш или два пати за време на неговиот животен век.

blank

blank

Паркет

Лесно препознатлив, паркетниот под се изработува од кратки дрвени блокови или ленти распоредени во геометриски линии. Поставувањето на паркет е погоден за секоја просторија, но најдобро е да се избегнува во влажни подрачја, како што се бањите. Позитивни страни на паркетот се што може да го изработувате со интересни шари, а материјалот е издржлив и отпорен.

blank

Под од бамбус

Од бамбусот се изработуват многу интересен вид на дрвени плочки кои многу наликуваат на цврстото дрво, паркетот. Овој под се совпаѓа во секоја просторија, за разлика од цврстото дрво, бамбусот е поотпорен на вода, меѓутоа не е целосно водооптпорен.

blank

Какви материјали за под се најдобри и најквалитетни за изработка?

Најдобрите изработени подови од дрво се направени од природно дрво, без додатоци од други дрвени материјали како иверица. Дабот, јаворот и црешата се материјали кои се одлични како материјал за под. Други интересни видови се бамбусот, орев и махагон. Додека во најскап материјал за под спаѓаат тиковото дрво и мескит.

  • Под од тиково дрво

blank

  • Под од мескит

blank

 

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank