Започнете бизнис со правење на дрвени плафони

28 јануари, 2021 | Започни свој бизнис

blank

Дрвото е извонреден материјал, кој се цени во секое време. Доколку ја вложиме нашата креативност и имагинација од него можеме да направиме многу работи кои ќе бидат убави и оригинални. Многу луѓе го користат дрвото за да направат дрвен под или за да го обложат ѕидот. Зошто да не креирате и дрвен плафон? Постојат најразлични начини на кој можете да го дизајнирате плафонот по сечиј вкус, почнувајќи од материјал до декорирање.

blank

Зошто да започнете со правење на плафони? Праксата покажува дека дрвените панели, штици, плочи и други дрвени материјали, заземаат водечка позиција помеѓу сите останати видови на плафони. Сигурно ќе се запрашате зошто е тоа така? Прво дрвото е одличен топлински и звучен изолатор, како второ, разноврсноста на дрвени материјали е огромна, почнувајќи од наједноставно и најевтино, па се до најскапото. На овој начин секој може да си избере материјал во износ на буџетот со кој располага. Најважна карактеристика на дрвото е дека е природен и еколошки материјал, освен тоа интересно е и тоа како ја разнесува светлината низ просторијата. Многу дизајнери на ентериер го користат дрвениот плафон во уредувањето за да го украсат домот на клиентот со уникатни идеи. Дрвото е материјал кој може да се обработи на многу различни начини и стилови, а пак да изледа прекрасно, удобно и топло.

Еден од најпопуларните материјали за дрвен плафон е борот.

blank

Видови на плафони кои можете да почнете да ги изработувате

  • Водоотпорен плафон

Се изработува на тој начин што дрвото се заситува со дрвен восок, плафонот станува непропустлив на нечистотија и влага. Покрај тоа овој тип на изработка на плафон нема тенденција да напукнува или да се раслојува.

blank

  • Плафон од иверица

Иверицата како дрво е издржив материјал и е отпорен на абење. Се состои од неколку слоеви на дрво, лесно се се изработува, бои и засенчува. Таа сама по себе не е водоотпорна, па доколку сакате да ја направите водоотпорна ќе мора да се третира на посебен начин.

  • Обложување на плафонот со даски

Дрвените даски како подлога се силни и многу издржлив материјал. Тие се лесен и креативен начин за да се прикријат недостатоците на ѕидот. Дебелината на плафонот од даски достигнува 120 мм, а се прикачува со помош на завртки, клинчиња и спојувалки.

blank

  • Плафон од дрвени штици

Плафонот од дрвени штици е популарен вид на плафон како цврст површински сет на независно третирани штици. Овој тип на плафон лесно може да се прилагоди на дизајнот на дрвениот под. Покрај еколошките својства и практичноста на овој дрвен материјал, може совршено да се сокријат и електричните инсталации.

  • Плафон од дрвени летви

Дрвените летви се интересен начин за креирање на плафон. Всушност најинтересните и најнеобичните плафони можат да се направат со нив. Како најинтересен начин на дизајнирање на плафон е дрвените летви да се наредат ребрасто. На овој начин уредениот плафон има декоративна улога и создава пософистициран дизајн на плафонот.

blank

blank

 

  • blank
  • blank
  • blank
  • blank