Доколку се размислувате да започнете свој бизнис, а притоа сакате да ја употребите вашата креативност и имагинација, можете да започнете со правење на камп приколки. Покрај креативноста ќе ви бидат потребни соодветни алати и голема просторија, бидејќи ова се големи проекти кои бараат простор, а и време. Камп приколките се разноврсни, можат да се направат во различни големни, тежина и формати. Поради овие можности речиси секој вид на возило може да поднесе барем еден вид на приколка за патување. Убаво рачно изработените приколки за патување направени од дрво се вистински уметнички дела. Да се направи камп приколка од дрво во 30-тите и 40-тите било многу популарно. Најатрактивни модели за купувачите се покажале следниве модели:
- Хут приколка
- Дрвена мини приколка
- Подвижен дом
- Вградена приколка
Секој од овие засебни типови на приколки се карактеризираат со различни удобности, подови, распоред и димензии. Името камп приколка може да има различно значење за многу различни кампери. Постојат различни карактеристики кои ги одделуваат еден вид од друг.
Хут приколка
Овие приколки се прекрасни уметнички дела што можат да се користат за кампување. Тие се изработуваат од дрво кое е цврсто, издржливо, водоотпорно. Колку што е функционална приколката, толку е и убава. Приколките се дизајнирани да бидат аеродинамични, лесни и маневрирачки. Се изработуваат со модернизиран дизајн и модерен метод на изработка за да имаат иновативен изглед.
Дрвена мини приколка
Дизајнот на дрвената мини приколка потекнува од класичните мини приколки од 40-тите и 50-тите години. Како што и самото име кажува, овие се минијатурни приколки кои можат да бидат влечени од секое возило. Дизајнирани се да бидат ултра лесни за влечното возило, да можат да се превезуваат со секое возило и секој дел од нив е направен да биде компактен и рационализиран. Тие максимално го искористуваат својот ограничен простор, а вклучуваат многу удобности. Има кабина која е дизајнирана за удобно спиење на две лица. Во задниот дел има простор кој е наменет за мини кујна. Поради нивната големина, мини приколките не вклучуваат бањи. Поголемиот дел од нивниот ентерер го зафаќа душекот за спиење. Некои модели наместо душек за спиење имаат маса и вграден мебел за складирање. Тие се исто така многу компактни во однос на паркирањето, така што може лесно да се паркираат во гаража во текот на зимата и не е потребно да се гради нова посебна гаража. Овој тип на приколки се идеални за излети со кампување и краткорочни патувања. Мини камп приколките не се дизајнирани за долги патувања низ целата земја и не можат да складираат голем товар.
Подвижен дом
Овој тип на приколка изгледа ретро, меѓутоа има многу модерни елементи. Камп приколката во поглед на обемот и возилата кои можат да ги влечат се слични на мини приколките. Овие се разликуваат од мини приколките по нивиот дизајн и димензии. Кај мини приколките приоритет им е просторот за спиење, за разлика од нив овие се поразновидни во нивната внатрешна содржина. Нејзината големина овозможува да биде паркирана во гаража. На овие камп приколки се вградува соларен систем за енергија, со кои се обезбедува едергија до 5 дена без да е потребно дополнително полнење од сончева светлина. Приколката има капацитет да смести 4 лица со употреба на кревет на извлекување. Не се дизајнирани по стандарден дизајн и затоа се уредувани по желба. Некои вклучуваат бањи, спални и внатрешена кујна. Многу од просториите кои служат за јадење имаат мебел кој се претвора во простор за спиење. Тие се доволно мали за да бидат пренесувани од повеќето видови на влечни возила, но и се многу по разновидни во однос на мини приколките.
Вградена приколка
Вградената приколка е слична со големина и стил на малите приколки од 50-тите и 60-тите години. Овие приколки можат да се прилагодат на повеќе типови на возила, бидејќи се вградуваат на возилото. Сите дизајни се направени да бидат едноставни, удобни и привлечни. Најчесто се користи чедар црвено дрво за надворешноста на приколката. Чедарот како материјал се користи, бидејќи е отпорен на распаѓање, влага и инсекти.