Работните маси се одлично парче на мебел за канцеларија и за дома. Бирото може да биде централна точка на кој било простор посветен на некојa активност, без разлика дали се работи за хоби, училишна работа, работа или игра. Тоа е едно од најразновидните парчиња на мебел што секој може да го поседува. Опциите со кои ќе се соочите при купување на биро се неограничени. Конструкцијата на работни маси опфаќа широк спектар на категории, почнувајќи од традиционални модели, па сè до високотехнолошка изработка. Секоја категорија на работни маси се фокусира на вашата потреба, во смисла дали ќе се користи за пишување, работа со компјутер, учење и слично. Секој стил, материјал и изработка дава уникатен изглед во простријата во која е сместено бирото, така што изборот на вистинскиот модел вклучува подеднакво проценување на изгледот и функцијата. Во прилог ќе ви наведеме идеи за работни маси со кои би можеле да започнете свој бизнис.
1.Биро за пишување
Воглавно овој тип на бироа се креирани на минималистички начин, а на изглед се отворени работни маси со минимално складирање и голема работна површина. Овие бироа се идеални за поставување покрај ѕид или на средината на подот во домашната канцеларија. Дизајнот е одлично прилагоден за лаптоп.
2. Биро за комјутер
Во современ амбиент за домашна канцеларија, компјутерските работни маси се најпрактични и најкорисни од сите други видови на работни маси наменети за домашни канцеларии. Обезбедуваат многу простор за куќиштето, мониторот, како и за складирање на сите останати компјутерски додатоци.
3. Класично биро
Класичното биро е најпопуларно за домашните канцеларии, бидејќи се со многу фиоки за складирање и голема површина. Овие резбани дрвени примероци даваат чувство на величенственост и безвременска привлечност со што се издвојуваат од останатите стилови. Ги има во различни облици, и тоа: правоаголна, Г-облик, полукружна и гломазни бироа.
4. Вградено биро
Полиците како мебел е карактеристичен за трпезариски простории или дневни соби. Меѓутоа може да се комбинира и со работна маса, со што би добиле две парчиња мебел во едно и би се овозможил голем простор за складирање на работи, како и уникатен ентериер во вашиот дом.
5. Аголно биро
Аголните бироа се идеално решение за проблемите со прсторот. Овозможуваат голем простор за работа, додека во ширина не зафаќаат многу место, бидејќи се во Г форма. Исто така добивате и простор за комоција.
6. Лебдечко биро
Овој вид на работна маса е монтирана на ѕид, заштедувајќи го целиот простор од подот. Лебдечкото биро може често да се сретне во варијанта со монтирана полица за да се искористи вертикалната рамка, притоа се идеални за оние кои имаат ограничен простор.
7. Биро со организери
Работната маса со организери е составена од многу фиоки. Фиоките можат да бидат поставени на двете страни, само на левата страна или пак само на десната страна. Овој тип на бироа изгледаат старомодно, меѓутоа нивната убавина не излитува. Секако доколку се побара, може да се најде модернизирана варијанта од овој тип на биро.
8. Прилагодувачка по висина работна маса
Во последниот период доста често можеме да сретнеме дискусии на кои се разговара за тоа колку е здраво долго време да бидеме во седечка положба. Како резултат на овие дискусии дојде идеја за прилагодувачко биро по висина, притоа ќе можете да работите во стоечка положба, без да се згрбавувате или да седите. Едноставно прилагодете го бирото на вашата висина. Постојат три типови на овој вид на работна маса и тоа:
- Како додаток за маса, кој ви овозможува да го поставите на масата и да работите стоејќи;
- Цели работни маси кои се прилагодливи по висина;
- Статични стоечки работни маси кои се во фиксна повишена положба, без прилагодување на висината.