Дрвото претставува убав, квалитетен и практичен материјал кој е секогаш е популарен за изработка на производи. Ова е одлична идеја за да започнете нешто свое, а воедно и ќе ве исполнува. Искористете ја вашата желба, идеја и умешност за да започнете бизнис кој ќе биде плод на вашата креација.
Има повеќе видови на пчеларници кои можете да ги изработувате.
1. Стандарден пчеларник
2. Пчеларник Вор
Овој тип на пчеларник е нешто налик на стандардниот, разликата е што е помал. Освен големината, друга клучна разлика со стандардниот пчеланик е што тука се додаваат нови кутии под постојните наместо над нив. Врвот на пчеларникот најчесто е наречен јорганска кутија, кој вклучува материјал за апсорпција на кондензацијата што пчелите ја создаваат. Ова е особено важно во текот на зимските денови.
Пчеларникот Вор се смета за дизајн кој не бара често тековно одржување и поради тоа е привлечен за оние кои чуваат пчели.
3. Пчеларник Топ Бар (ТБХ)
ТБХ е сосема поинаков дизајн на пчеларник од стандардниот и Вор. Како понов дизајн е најпристапен за пчеларот, поставен е на одредена висина и поради тоа што нема потреба да подигнува тешки медени корпи. Важна карактеристика е тоа што ТБХ има една долга кутија и не е возможно да се проширува како стандардниот и Вор пчеларници. Во последно време, доста често на овој тип на пчеларници се додава и прозорец, како би било полесно за надгледување.