Да изберете дрво како главен материјал за вашата маса е најдобриот избор што ќе ви донесе многу бенефиции. Главните фактори вклучени во изборот на вистинската маса се: издржливост, долготрајност, цврстина и квалитет. Не постои материјал што може да се спореди со дрвото во поглед на овие фактори. Најчестите материјали кои се користат за изработка на дрвени маси се: јавор, даб, бор и орев. Јаворот се бира како често употребуван материјал поради високата отпорност на влага, дабот поради неговата отпорност на искривување, борот како меко дрво со мала густина што многу лесно ја прима бојата и го задржува нејзиниот сјај и оревот како најтврдо дрво, многу издржливо во однос на отпорноста на распаѓање. Oсвен што се високо квалитетни и функционални, тие се издвојуваат и по нивниот уникaтен безвременски изглед и дизајн. Можете да си играте со боите, да комбинирате материјали и да создадете парче мебел кое ќе ги задоволи сите желби и потреби.
Без разлика дали барате трпезариска маса, мала клуб масичка или работна маса, дрвото е секогаш првиот избор кој треба да ви падне на памет.
Откако ви помогнавме во изборот на материјали, останува да се снабдите со потребните машини за производтво на маси кои ви се неопходни при започнување со ваков бизнис. Важен дел е дневниот или месечниот капацитет на обработка, според тоа се одредува каков тип на машини ви се потребни. Во денешно време постои голем избор на машини за обработка на дрво кои ќе одговорат на вашите барања и потреби, машини за мануелна обработка, полу-автоматска обработка или комплетна автоматизирана обработка со минимален човечки фактор. Позитивно е што во денешно време на пазарот постојат многу типови на машини за сечиј буџет.
Дел од машините за обработка на дрвени маси се: кројач, фреза, шлајферица, преса, цнц машина и други.
Заинтересирани сте да започнете бизнис со производство на маси?
Обратете се во компанијата RADEK за понуда на машини по најдобри цени. Со среќа!